• понеделник, 23 декември 2024

Организиран празничен појадок во чест на протестантската реформација

Организиран празничен појадок во чест на протестантската реформација

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРП) Даријан Сотировски денеска ги примил на празничен појадок претставниците на протестантските цркви од државата, членки на Евангелско-протестантската иницијатива.

Како што соопшти КОВЗРП, собирот се одржува во чест на Денот на протестантската реформација, 31 октомври, кога Мартин Лутер во 1517 година ги истакнат 95-те тези на вратата на црквата во Витемберг со што започнал процес на реформирање и нова ера на стариот континент. 

-На средбата се разменија различни видувања за актуелни случувања, како и предизвиците на верските субјекти во своето редовно работење. Соработката која постои помеѓу Комисијата за односи со верските заедници и протестантските цркви продолжува да се развива преку задржување на партнерскиот однос и на меѓусебната доверба, согласни беа сите присутни, се наведува во соопштението на Комисијата. хс/цр

Фото: Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи

 

Остани поврзан