• петок, 22 ноември 2024

Организацијата на работодавачи на Македонија организира едукативна тренинг платформа

Организацијата на работодавачи на Македонија организира едукативна тренинг платформа
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) Едукативната тренинг платформа (#еПлатформа) на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) организира бесплатни курсеви, еднодневни и тридневни обуки, што имаат за цел на учесниците да им пренесат практични тренинзи и искуства. ОРМ ја вклучува можноста учесниците да имаат пристап до обуките во секое време, сè со цел да се овозможи поефикасно совладување на истите. - Сите учесници ќе имаат можности за додатни прашања и информации кои им се потребни, а по завршувањето на одредени обуки тука е и тестот за проверка на знаењето како и дигиталниот сертификат. Покрај ова, ОРМ вклучува и додатни вебинари и најнови образовни технологии како дел од нивната нова е-Платформа, информира Организацијата. Регистрацијата е достапна на веб-страната на Организацијата на работодавачи на Македонија. Со креирањето на профил на е-Платформа, новите членови имаат можности да ја одберат обуката која им е потребна, да ги следат обуките, да поставуваат прашања, да си ги проверат знаењата како и да се стекнат со дигитален сертификат. Е-Платформата изработена од страна на Организацијата на работодавачи на Македонија е финансирана преку проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од страна на Европската Унија. ки/дма/

Остани поврзан