• вторник, 26 ноември 2024

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија го одбележа 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија го одбележа 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
Гевгелија, 23 октомври 2021 (МИА) -  Со положување цвеќе и оддавање почит пред споменикот на илинденецот Сава Михајлов, во центарот на Гевгелија, денеска општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Членови на партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ која беше предводена од претседателот на гевгелискиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов и пратеничката во македонскиот Парламент од истата партија Ангелинка Петкова, истакнаа дека без македонските борци и илинденци, на кои денеска им се поклонуваат, не може да се замисли континуитетот на нашата револуционерна борба која резултираше со создавање на сопствена држава. По повод прославата на празникот, тие упатија честитки до сите граѓани на општина Гевгелија со желби за мир, здравје, благосостојба и подобра иднина. им/фф/

Остани поврзан