• петок, 22 ноември 2024

Општина Центар ќе обезбеди два милиони денари за ЈП „Лајка“

Општина Центар ќе обезбеди два милиони денари за ЈП „Лајка“
Скопје, 13 февруари 2021 (МИА) - Општина Центар ќе обезбеди 2.000.000 денари од Буџетот за 2021 година за потребите на новоотворениот објект ЈП „Лајка“, за згрижување и благосостојба на животните скитници во Скопје. Советот на Општина Центар усвоила одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за заловување кучиња на подрачјето на Скопје. Од општинската прес-служба информираат дека остварувањето на меѓуопштинска соработка ќе претставува реализација на заеднички цели, интереси и надлежности помеѓу Општина Центар и Град Скопје, кои ќе се однесуваат на заловување и собирање бездомни кучиња, односно, нерегистрирани кучиња кои ќе бидат затекнати на јавни површи на подрачјето на Град Скопје. - Со Градот Скопје имаме одлична соработка и заеднички имаме реализирано многубројни проекти кои се во интерес за нашите граѓани и подобрување на нивниот начин на живот во Центар. Токму заради тоа, јас како градоначалник и советниците на Општина Центар сметаме дека ние како локална самоуправа треба да дадеме поддршка на градот за новоотворениот стационар „Лајка“ и преку заеднички заложби да се стремиме кон намалување и контрола на популацијата на бездомни кучиња на јавните површини, нивно згрижување и секако безбедност за нашите граѓани, истакнал градоначалникот Саша Богдановиќ. Од општината потсетуваат дека пред неколку години на територијата на Општина Центар, Кралската организација за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA) и регионалниот центар за благосостојба на животните со седиште во Загреб (RAWC) спровела обука за обучувачи за воспоставување систем за контрола на популација на кучиња и понатамошно нивно згрижување. Приоритет и главна заложба, се посочува во општинското соопштение, е безбедноста на граѓаните, но и безбедноста и благосостојбата на бездомните кучиња кои се одомаќиниле на територија на општината.фф/лв/

Остани поврзан