• понеделник, 23 декември 2024

Општина Маврово и Ростуше ја исплати еднократната парична помош за првачињата

Општина Маврово и Ростуше ја исплати еднократната парична помош за првачињата

Дебар, 3 ноември 2022 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше ја исплати еднократната финансиска помош за првачиња, што првпат е воведена од оваа учебна година. 

 -Откако ги добивме потребните документи од родителите на децата, вчера беше исплатена еднократна финансиска помош на сите 33 првачиња во нашата општина. Едногласна одлука за тоа донесе Советот на општината, по предлог на градоначалникот Медат Куртовски, кој и го потпиша документот за реализација на исплатата, информираше за МИА Емир Емруали, одговорен во Секторот за образование во општината. 

 Со оваа одлука, додаде тој, ќе остане пракса за секоја наредна учебна година,  на сите првачиња во општината им бидат исплатени по 3.000 денари. 

 На почетокот на учебната година градоначалникот Куртовски, традиционално, ги посети четирите основни општински училишта, колку што функционираат во општината, посакувајќи им успех во воспитно-образовниот систем, а на  првачињата им додели сет со училиштен прибор.  

 Од минатата академска 2021/2022 година, оваа општина почна да исплаќа по 6.000 денари на студенти со адреса на живеење во општина Маврово и Ростуше,  запишани на додипломски студии на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјава, а кои редовно ги полагаат испитите.  

 Исто така, од јануари 2018 година општината доделува по 5.000 денари за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на оваа општина. вт/хс/   

Остани поврзан