• недела, 22 декември 2024

Општина Маврово и Ростуше и годинава ќе доделува ваучери за новороденчиња

Општина Маврово и Ростуше и годинава ќе доделува ваучери за новороденчиња
Ростуше, 15 јануари 2020 (МИА) -  Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи со доделување ваучери за новороденчиња. Во соопштението упатено до жителите се наведува дека одлуката за доделување ваучери ќе биде во сила се до донесување друга одлука. -Одлуката донесена од страна на Советот на општина Маврово и Ростуше, врз основа на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца, за доделување на еднократна парична помош, во висина од 5.000 денари за новородени деца за семејствата кои се со постојано живеалиште на територијата на општината, ќе важи и во наредните години, односно се до евентуално носење на друга одлука, која би ја променила истата, стои во соопштението на општината. При тоа се наведуваат документите кои треба да се достават заедно со барањето кое се добива во општината: извод од матична книга на родени за новороденчето, копии од личните карти на двата родитела, извод на венчани и трансакциска сметка од подносителот. Општина Маврово и Ростуше, во текот на минатата година, доделила 28 ваучери, односно еднократен паричен надоместок за новородени деца, додека претходната, кога стапи во сила одлуката, 51 ваучер. Според одлуката еднократна парична помош, се доделува само за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на општината Маврово–Ростуше, а не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај а живеат и работат во странство или во друга општина.вт/ир

Остани поврзан