• петок, 22 ноември 2024

Општина Куманово со бројни манифестации го одбележува 11 Ноември-Денот на ослободување на градот

Општина Куманово со бројни манифестации го одбележува 11 Ноември-Денот на ослободување на градот
Куманово, 9 ноември 2021 (МИА) - Општина Куманово со повеќе културни и спортски настани ги одбележува деновите на градот, соопштија денеска од општината. Минатата недела беше отворена изложба на уметничка фотографија, се одржа спортски турнир во бадминтон, во пинг-понг и фудбал, кошарка во машка и женска конкуренција, фолклорното друштво „Бајрам Шабани“ одржа концерт. Денеска ќе се одржи турнир во футсал „пехар за градоначалник“, ќе се промовира книгата „2222 надимци за кумановци на кумановски“ од Мирко Зафировски и видео-запис од ретроспективата на фолклорен фестивал во МКЦ. Утре, ќе се одржи улична атлетска трка „11 Ноември“, вечерта ликовната изложба „Карпино“ како и традиционалната во галеријата „Кумановски ликовни уметници“. - Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, спроти големиот празник „11 ти Ноември“ организира мега концерт на којшто годинава ќе настапат „Пајак“, Таско, Барди и Ѓорѓе Давид и Ивана Петерс со Death Saw со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад во Куманово, соопштија од Фондацијата. На 11 Ноември, по повод Денот на ослободување на Куманово на Спомен Костурницата ќе биде положено цвеќе, ќе се одржи свечена академија на Советот во Центарот за култура. Во текот на денот предвидени се шаховски, риболовен и аикидо турнир. ам/вг/

Остани поврзан