• понеделник, 02 март 2026

Општина Кочани дел од ИПА програмата за прекугранилна соработка со Бугарија

Општина Кочани дел од ИПА програмата за прекугранилна соработка со Бугарија

Кочани, 6 декември 2025 (МИА) - Кочани ќе добие ново рекреативно повеќенаменско игралиште во близината на вештачкото езеро „Гратче“, најавува Општината откако вчера градоначалникот Владко Грозданов беше дел од промоцијата на проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и туризам близок до природата во Источниот плански регион и Регионот Благоевград“, што се одржа во Општина Гоце Делчев, во Бугарија.

Проектот е финансиран од Interreg IPA-програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, а Општина Кочани е еден од крајните корисници по неговата реализација. ис/вг/

фото: Општина Кочани
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан