Општина Кисела Вода ќе добие нов парк - „Иднина”
- Нов парк ќе биде отворен денеска во Општина Кисела Вода. Именуван “Иднина”, паркот е лоциран непосредно до кружниот тек, помеѓу Припор и Кисела Вода.

Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Нов парк ќе биде отворен денеска во Општина Кисела Вода.
Именуван “Иднина”, паркот е лоциран непосредно до кружниот тек, помеѓу Припор и Кисела Вода.
Како што информираат од Општината, изјава по тој повод ќе даде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Отворањето на паркот е првиот од случувањата по повод роденденот на Општина Кисела Вода, кои се одвиваат под слоганот “67 Години моја Кисела Вода”. вг/сп/