• понеделник, 23 декември 2024

Општина Кисела Вода и унгарската Амбасада го одбележаа Денот на Унгарците

Општина Кисела Вода и унгарската Амбасада го одбележаа Денот на Унгарците
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Со положување на цвеќе пред спомен плочата на револуционерот Шандор Петефи и со пригодна манифестација, Општина Кисела Вода заедно со унгарската Амбасада го одбележа Денот на Унгарците. -Секогаш е убаво да се споделат убавите моменти со пријателите, така, и денес, убаво е да се биде дел од манифестацијата која за Унгарците во Македонија и ширум светот, значи одбележување на голем ден од нивната историја. Се поклонивме и положивме свежо цвеќе пред спомен одбележјето на истакнатиот поет и револуционер Шандор Петефи, кој е една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година и поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава, истакнал градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. На одбележувањето присуствувал и унгарскиот амбасадор во земјава Ласло Иштван Дукс, кој се осврнал на ликот и делото на Шандор Петефи, потенцирајќи го неговото значење за Унгарија. Во рамки на одбележувањето биле доделени и наградите за најуспешните ученици од основните училишта кои учествуваа на конкурсот за проектот „Запознај ја Унгарија“. свс/бак/

Остани поврзан