• петок, 22 ноември 2024

Општина Карпош подари 110 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик

Општина Карпош подари 110 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски во пресрет на Велигденските празници синоќа подари 110 хуманитарни пакети наменети за социјално загрозените семејства кои живеат на територијата на локалната самоуправа. Акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“ ја организира Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, при што граѓаните донираат прехранбени и хигиенски производи за своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. Хуманитарната акција траеше пет работни дена, а кон неа се приклучија децата и родителите од основните училишта и детските градинки од Карпош, како и општинската администрација и дел од советниците од Општина Карпош. Локалната самоуправа ја организира оваа хуманитарна акција три пати во годината, пред Божиќ и Велигден, како и по повод роденденот на Општината. - Ви посакувам убави Велигденски празници со искрени желби, што поскоро да излезете од оваа зона на социјален ризик. Општината и понатаму ќе се грижи за сигурноста на своите сограѓани и секогаш ќе биде тука, за оние на кои им е најпотребна нашата помош, изјави Јакимовски. ијд/сп/

Остани поврзан