Општина Карпош извршува санација на плочникот во ТЦ „Лептокарија“
- Деновиве се врши санација и замена на плочки во трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош 3, а потоа изведбените работи ќе продолжат и на другите плоштади каде што искршените и изместени пло

Скопје, 3 август 2021 (МИА) – Деновиве се врши санација и замена на плочки во трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош 3, а потоа изведбените работи ќе продолжат и на другите плоштади каде што искршените и изместени плочки ќе се заменат со нови, информираат од Општина Карпош.
Реконструкцијата, како што се наведува во соопштението, е започната од крајот на минатата недела и тоа на пешачкиот дел на плоштадите на територијата на општината.
Изведувач на работите е фирмата „Изградба Комерц“, а се очекува реконструкциите да траат околу еден месец.свс/дма/