Општина Илинден почна со изградба на нов мост и сервисна улица „500“ во Марино
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 16 јуни 2025
Општина Илинден официјално започна со реализација на еден од своите капитални инфраструктурни проекти – изградба на нов плочест мост и сервисна улица „500“ во населеното место Марино.
Проектот предвидува изградба на мост со коловоз широк 6 метри и тротоари од по 1,5 метар од двете страни, со што ќе се обезбеди безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. Покрај мостот, ќе се гради и нова сервисна улица во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и тротоари на двете страни. Дополнително, проектот опфаќа и изградба на систем за собирање и одведување на фекални отпадни води, односно поставување фекална канализација за објектите што гравитираат кон оваа улица – што претставува значаен придонес кон подобрување на инфраструктурата и условите за живот во овој дел од општината.
Увид во градежните работи изврши Градоначалникот на општина Илинден Алекснадар Георгиевски, кој истакна дека ова е еден од ветените проекти кој ќе се реализира во целост. Како и дека со изградбата на новиот мост и улицата ќе се направи спојување на веќе изградената улица „119“ во населбата Јака, со што оваа населба со над 330 домаќинства ќе се поврзе со централниот дел на општина Илинден, односно со н.м Марино. Исто така, значително ќе се подобри и сообраќајната поврзаност, како и квалитот на живот на граѓаните. Средствата за реализација на овие проекти се 70% финансирани од Владата на РМ, а 30% од Буџетот на Општина Илинден.
Општина Илинден и во наредниот период останува посветена на продолжување на започнатите активности, како и на иницирање нови развојни проекти, со цел создавање квалитетни, безбедни и современи услови за живот за сите свои граѓани.
Општина Илинден
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: Општина Илинден