• понеделник, 13 мај 2024

Општина Градско црпи искуства од австриската oпштина Хартберг

Општина Градско црпи искуства од австриската oпштина Хартберг
Велес, 16 мај 2022 (МИА) - Изминатата работна недела, градоначалникот на oпштина Градско Киро Нацков беше во посета на општина Хартберг, регион Штаерска во Република Австрија, со што оствари средба со градоначалникот Маркус Марчич, информираат денеска од Kабинетот на градоначалникот. - Целта на оваа работна посета беше можноста за понатамошна соработка на Општина Градско со општина Хартберг, пред сè во дејноста на давање социјални услуги, во насока на задоволување на потребите на сите целни групи, како и во други сфери на делување на локалната самоуправа, информираат од Општина Градско. Оттаму додаваат дека споделувањето на добри практики од Република Австрија која е една од најдобрите држави во Европа во областа на социјалните услуги, ќе им овозможи да ги идентификуваме приоритетите во развојот на социјалните услуги согласно потенцијалот и ресурсите со кои располагаат. ад/мс/

Остани поврзан