• среда, 25 февруари 2026

Општина Велес организира Осмомартовски базар на ракотворби и цвеќе

Општина Велес организира Осмомартовски базар на ракотворби и цвеќе

Велес, 5 февруари 2026 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Општина Велес и годинава организира Осмомартовски базар на ракотворби и цвеќе. Од Општината информираат дека се отворен повикот за сите заинтересирани граѓани, како и за правни и физички лица, кои сакаат да учествуваат на базарот.

Заинтересираните треба да поднесат барање за користење тезга во Граѓанскиот сервис центар, во кое задолжително треба да наведат со што ќе учествуваат на базарот и да остават телефон за контакт. Рокот за поднесување на барањата е до 13 февруари.

Од Општина Велес појаснуваат дека правните лица, заедно со барањето, треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица треба да приложат копија од лична карта.

Осмомартовскиот базар ќе се одржи во периодот од 5 до 8 март. Тезгите ќе бидат поставени на тротоарот на главната улица „Благој Ѓорев“, на потегот од постојката кај „Панини“ па надолу.

Со цел избегнување на сообраќаен метеж, од Општината додаваат дека сите изложувачи ќе бидат задолжени да ги почитуваат точно утврдените термини за достава и собирање на производите. ад/дма/

Фото:Плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан