• четврток, 14 ноември 2024

Општина Велес  годинава планира да гради голем кружен тек  на раскрсницата кај сегашните семафори

Општина Велес  годинава планира да гради голем кружен тек  на раскрсницата кај сегашните семафори

Велес 20 јануари 2020 (МИА) - Општина Велес за годинава планира да изгради поголем кружен тек на раскрсницата кај сегашните семафори.Но, претходно треба да го измени Деталниот урбанистички план - ДУП за оваа раскрсница и  поширокиот простор.Градоначалникот  Аце Коцевски најави дека за оваа намена се предвидени пари од буџетот на Општина Велес.

На новинарско прашање што со единствените семафори во градот, Коцевски информира   дека нивните стручни служби треба да проценат што со сегашните семафори за да не ги оштетет идните возачи кои би останале без семафори за полагање возачки испит

-Ќе мораме  некаде да поставиме семафори во градот за да не ги оштетиме идните потенцијални возачи, кои поради тоа ќе  мораат да полагаат во соседните градови, Неготино или Кавадарци, појасни Коцевски.

Тој најави дека размислуваат  и за ново сообраќајно решение на крстосницата кај трговскиот центар, која, како што рече,  ќе биде многу тешка за решавање.

Коцевски информира дека имаат добро решение за крстосницата под касарната кај споменикот на Панко Брашнаров. Но за изградба на ново сообраќајно на оваа раскрсница општината ќе треба да го премести споменикот на Панко Брашнаров изработен во блок мермер висок над четири метри.

-За решавање на оваа раскрсница треба да го најдеме најдоброто и најбезболното решение, потенцира Коцевски.

Инаку во  изминатата 2019 година локалната власт направи ново сообраќајно решение кај бензинската на  „Црна Река“.

Деновиве ги заврши градежните работи на сообраќајното решение со мал кружен тек кај ДОЗ од левата страна на градот.

На обвинувањата на некои од граѓаните зошто се градат кружни текови тој  потенцира дека најприменувано решение на крстосниците во европските градови се токму тие.

-Без оглед на тоа колку граѓаните навредуваат преку социјалните мрежи дека ние си играме со кругови и триаголници,тоа е најдоброто решение за нашите градски сообраќајници.Со нив  се зглемува безбедноста на возачите, бидејќи се принудени  да ја намалат брзината на движење за да не дојде до вкрстување на возилата, појасни Коцевски.

Тој информира дека за сите сообраќајни решенија и оние со кружни текови  кои ги прави локалната власт претходно за сите имале добиено решенија од секторот за сообраќај при МВР и за сите проекти имале ревизија.

На дилемата и реакцијата од граѓаните зошто некои од изградените кружни текови  се преголеми, а  некои премали, градонаалникот Коцевски појасни  дека нивните стручни служби работат согласно законските прописи, според кои точно се знае за колкава сообраќајница, колкав треба да биде радиусот и дијаметарот на кружницата.ад/ир

Остани поврзан