• петок, 05 декември 2025

Општина Бутел ја остранува бесправно поставената урбана опрема на јавните површини

Општина Бутел ја остранува бесправно поставената урбана опрема на јавните површини

Скопје, 20 мај 2025 (МИА) - Службите на општина Бутел денеска пристапија кон отстранување на бесправно поставената урбана опрема на јавните површини. Граѓаните на општина Бутел заслужуваат да имаат слободни јавни површини и општински служби ќе обезбедат слободни јавни површини, велат од Општината.

Оттаму најавуваат дека надлежните служби на Општината ќе продолжат и натаму да преземаат активности за расчистување на јавните површини.

Градоначалникот Дарко Костовски упатил апел до сите граѓани доколку забележат узурпација на јавни површини во населените места да поднесат пријава до општината. Притоа тој нагласил дека ниту еден граѓанин не е над законот. сст/са/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан