• понеделник, 23 декември 2024

Општина Бутел подели 200 хуманитарни пакети за лица погодени од кризата

Општина Бутел подели 200 хуманитарни пакети за лица погодени од кризата
Скопје, 29 април 2020 (МИА) - Општина Бутел во соработка со невладината организација „Извор“ подели 200 хуманитарни пакети со основни намирници за сите лица кои се најпогодени од кризата настаната од коронавирусот. Како што се наведува во соопштение на општината, минатата недела по повод Велигденските празници и во пресрет на Рамазанските пости, градоначалникот Велимир Смилевски заедно со волонтерите од „Извор“ поделиле 200 пакети на три пункта: Визбегово, Бутел 2 улица „Рокомија“ и Бутел 1 на улица „Боца Иванова“. Оттаму посочуваат дека акцијата за делење на пакети со храна за овааа ранлива категорија општината ќе ја продолжи и во наредниот период додека трае кризата со пандемијата зафатена од коронавирусот.бт/са/

Остани поврзан