• понеделник, 25 ноември 2024

Општина Берово ја почнa активноста „Подади рака, биди волонтер, биди хуман“

Општина Берово ја почнa активноста „Подади рака, биди волонтер, биди хуман“
Берово, 10 декември 2020 (МИА) - Општина Берово ја започнува активноста „Подади рака, биди волонтер, биди хуман“, како дел од најавената иницијатива за најпогодената категорија граѓани од Ковид-19 пандемијата. За таа цел, како што информираа од општината, претходно беа мапирани лицата на кои им е најнеопходна помош во храна и други производи и хигиенски средства кои ќе им бидат доставени до нивните домови.
- Општина Берово ги мапира сите, на кои им е потребна неопходна помош, во вид на храна и средства за дезинфенција и преку хумани донатори, компании или индивидуи, организира помош за таквите лица. Во услови на светска пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19, активноста насловена „Подади рака, биди волонтер, биди хуман“ е само дел од поддршката и взаемната грижа, која сите треба да ја имаме едни кон други, додека поддршката за најранливите категории треба да бидат основа за полесно справување со кризата. Кризата посебно ги погодува индивидуите и семејствата во социјален ризик на кои им е неопходна нашата помош, истакнуваат од општината
Поради ова апелираат до граѓаните да ја покажат својата желба за поддршка, со тоа што активно ќе волонтираат во доставувањето помош на семејствата, кои имаат најмногу потреба од истата.
- Би сакале да го прошириме ланецот на поддршка и хуманост, со граѓани волонтери, кои таквите пакети за храна и хигиенски производи би ги доставувале до семејствата и иднивидуите на кои им се најпотребни. Затоа ги повикуваме сите граѓани, кои имаат желба и можност да помогнат, да одделат дел од своето време, за доставување на такви пакети и да се пријават на телефонскиот број на општината, додадоа од локалната самоуправа во Берово.
Од општината информираа дека досега од почетокот на кризата реализирани се погоглем на вакви активности како со хумани граѓани така и со општествено одговорни компании кои донираа хуманитарни пакети на најзагрозените за ублажување на последиците од здравствената пандемија.вс/фф/

Остани поврзан