• понеделник, 23 декември 2024

Општина Берово со финансиска поддршка за Пингпонгарскиот клуб ,,Зегин"

Општина Берово со финансиска поддршка за Пингпонгарскиот клуб ,,Зегин
Берово, 16 јуни 2022 (МИА) - Општина Берово додели финансиска поддршка од 100.000 денари за Пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет, а за таа цел градоначалникот Звонко Пекевски потпиша договор со претставник на клубот.
 - Членовите на ППК „Зегин“ од Берово, изминатиот период постигнаа врвни спортски резултати, при што само на почетокот на натпреварувачката сезона се закитија со 17 пехари и 40 медали. Овој успех го наградивме со тоа што потпишавме договор со кој на клуб „Зегин“ се доделуваат 100 000 денари, за реализирање на активностите на клубот. Средствата се издвоени преку Програмата за развој на спорт и спортско рекреативни активности, на Општина Берово, за 2022 година, истакна Пекевски.
Со желби да продолжат да работат и да постигнуваат уште поголеми резултати, општина Берово, како што најави градоначалникот, ќе го поддржи клубот за реализирање на активностите и развој на клубот, за да можат успешно да ја реализираат натпреварувачката сезона.
- Приликата ја користам да упатам срдечни честитки за постигнатите резултати и благодарност што ППК „Зегин“, секаде се претставува во најдобро светло и што е гордост за Берово и беровчани, додаде беровскиот градоначалник.
Во моментот претставници на клубот од Берово се натпреваруваат на Европското првенство во Црна Гора, Подгорица, каде настапуваат за У-13 репрезентацијата на Република Северна Македонија. вс/ар/

Остани поврзан