• петок, 22 ноември 2024

Општина Берово и годинава ќе субвенционира стерилизација на домашни миленици

Општина Берово и годинава ќе субвенционира стерилизација на домашни миленици
Берово, 2 ноември 2020 (МИА) - Општина Берово распиша јавен повик за субвенционирање на трошоците за стерилизација на 30 женки-кучиња за 2020 година. Субвенцијата како што информираа од општината, се состои од покривање на 100 проценти од трошоците кои лицето - сопственик на женка-куче ги има направено за стерилизација на истото.
-По основ на овој јавен повик ќе бидат субвенционирани 30 лица. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен". Право на учество на јавниот повик имаат сопственици на женки кучиња кои во рок од 30 дена од извршената стерилизација на кучето, ќе поднесат барање за субвенционирање на 100 проценти од трошоците за стерилизација, информираат од општината.
Јавниот повик, како што додадоа оттаму, ќе трае до крајот на 2020 година.
-Комплетните информации за пријавување на кандидатите за субвенции по овој основ се објавени на веб-страната на Општина Берово. Средствата предвидени во буџетот за оваа намена, ќе ги доделува градоначалникот на Општина Берово, при што за секое поднесено барање, од страна на комисија формирана за таа намена, ќе се изготвува записник за утврдување кои физички лица ги исполнуваат критериумите за субвенционирање, додадоа од Општината.
Помеѓу останатата документација која треба да ја поседуваат барателите на субвенција, е доказ за сопственост на кучето, како и да поседуваат потврда од регистрирана ветеринарна установа за извршена стерилизација на кучето. вс/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан