• петок, 22 ноември 2024

Општина Аеродром објави јавен повик за финансиска поддршка на проекти од образованието, културата и заштитата

Општина Аеродром објави јавен повик за финансиска поддршка на проекти од образованието, културата и заштитата
Скопје, 23 март 2022 (МИА) - Општина Аеродром денеска објави јавен повик за 2022 година за доделување финансиска поддршка за програмски активности на здруженија и фондации во делот на образованието, културата и заштитата. - Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што можат да се имплементираат во Општина Аеродром во следните приоритетни области: образование (проекти во делот за развој на основното образование), заштита (проекти поврзани со системот за социјална заштита, заштита на децата и заштита и спасување на граѓаните) и култура (проекти поврзани за развој на културата), информира Општина Аеродром. Рокот за поднесување на пријавите е седум работни денa, почнувајќи од 23 март 2022 година до 31 март 2022 година, а огласот е објавен и на веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк http://aerodrom.gov.mk/vest/7903, на кој може да се видат условите за повикот и начинот на пријавување. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопје или во архивата на Општината секој работен ден. Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Не отворај“ и со назнака „За јавен оглас за финансиска поддршка на програмски активности на здруженија и фондации во делот на образованието, културата и заштитата“. Пријавите со непотполна документација или доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. мд/са/

Остани поврзан