• понеделник, 23 декември 2024

Општината не е надлежна ниту пак консултирана за техно журката во Дојран

Општината не е надлежна ниту пак консултирана за техно журката во Дојран
Дојран, 4 јули 2022 (МИА) - Локалната самоуправа во Дојран не е консултирана ниту пак надлежна за одржаната техно журка во просториите на црквата „Свети Илија“ каде од страна на полицијата при претрес е пронајдена дрога кај присутни гости, изјави денеска за МИА дојранскиот градоначалник Анго Ангов. Во тие простории на црквата „Свети Илија“, која е во состав на струмичката епархија, а под надлежност и заштита на музејот во Дојран, досега, во рамки на „Д Фест“ се одржувале настапи на познати музички имиња и групи како Влатко Стефановски и Љубојна и се одржувале свечени општински настани, но таква злоупотреба на просторот досега се нема случено поради што настанот се смета за непријатно изненадување од страна на локалната самоуправа и надлежната епархија. - Реконструираната црква „Свети Илија“ во Дојран се уште не е ниту осветена и затоа за немилиот настан и класичната злоупотреба на просторот при одржаната техно журка, и ние како и останатите засегнати страни, очекуваме изјаснување од страна на фестивалскиот организатор Пасворд Продукција, рече Ангов. им/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан