• понеделник, 23 декември 2024

Општата болница во Охрид ќе добие систем за автоматска кислородна поддршка

Општата болница во Охрид ќе добие систем за автоматска кислородна поддршка
Охрид, 9 април 2021 (МИА) – Скопската компанија „ТГС Технички гасови“ е избрана на јавниот повик како најповолен понудувач да постави систем за кислородна поддршка на објектите во Општата болница во Охрид. Станува збор за систем што треба да го надмине повеќедеценискиот проблем во болничките капацитети на установата, покрај ограничениот број легла, што сега е надминат со изградбата на модуларната болница монтирана во рамки на ковид-центарот во Охрид. Практиката на обезбедување кислородна поддршка за хоспитализираните пациенти со боци е привремена и е непрактично решение. Тоа ја наметнува потребата од поставување современ систем за кислородна поддршка на сите одделенија во болницата, дотолку повеќе во вакви неповолни здравствени околности наметнати со епидемијата на коронавирусот. Иако е најавувано дека поставувањето на системот ќе заврши најмногу за еден месец, преку обврската на избраниот понудувач да го инсталира системот за 20 дена, сега како проблем се јавува исполнетоста на капацитетите на болницата со ковид-пациенти. Од таа причина најверојатно тој процес на поврзување на сите соби и одделенија со системот за течен кислород ќе се одвива етапно, постепено по соби и одделенија, сето зависно од притисокот предизвикан од прием на нови заболени лица со потешки симптоми на Ковид-19. Во последните денови регистирани се над 200 нови случаи на Ковид-19 во Охрид, а во Општата болница и Кардиолошкиот центар хоспитализирани се повеќе од 125 пациенти. аб/цр

Остани поврзан