• сабота, 09 ноември 2024

Опра: Кралицата не говорела за бојата на кожата на нејзиниот внук

Опра: Кралицата не говорела за бојата на кожата на нејзиниот внук
Лос Анџелес, 9 март 2021 (МИА) - Американската водителка Опра Винфри денеска нагласи дека принцот Хари ѝ рекол дека ниту британската кралица Елизабета Втора, ниту нејзиниот сопруг - војводата од Единбург, Филип, не биле тие што го поставиле прашањето за бојата на кожата на синот на Хари и неговата сопруга Меган Маркл. Британскиот принц Хари (36) и неговата сопруга Меган Маркл завчера гостуваа во Шоуто во Опра, каде што открија подробности за животот во Бакингемската палата. Меган, чија мајка е Афроамериканка, а татко ѝ - белец, рече дека, додека била бремена и го чекала раѓањето на нејзиниот син Арчи, некои луѓе од палатата „изразиле загриженост за тоа колку ќе му биде темна кожата“ на бебето кога ќе се роди. По ова интервју за „Си-би-ес њуз“, водителката Опра изјави дека принцот не ѝ кажал кој зборувал за тоа. - Тој не ми го откри идентитетот на таа личност, но сакаше да биде сигурен дека знам и, ако имам можност - да кажам дека тоа не биле неговата баба или дедо, рече таа. Опра се обиде да најде одговор и пред камерите и по емисијата, но принцот не рекол ништо повеќе. си/сд/

Остани поврзан