• понеделник, 18 ноември 2024

Опозицискиот лидер на Уганда нема да ги оспорува изборните резултати

Опозицискиот лидер на Уганда нема да ги оспорува изборните резултати
Кампала, 22 февруари 2021 (МИА) - Лидерот на опозицијата во Уганда, Боби Вајн денеска изјави дека се повлекува од судската постапка со која се оспоруваат резултатите од претседателските избори што му ја донесоа победата на актуелниот претседател Јовери Мусевени, тврдејќи дека судиите на Врховниот суд кои одлучувале за случајот биле пристрасни. Вајн, чие вистинско име е Роберт Кjагулани, ги отфрли резултатите од изборите во јануари и рече дека верува оти неговата победа е украдена. Поп-ѕвездата и пратеник, Вајн (38) побара од судот да ги поништи изборните резултати по повеќе основи, вклучително и широко распространетата употреба на насилство. Мусевени, поранешен водач на герилците, кој ја водеше Уганда од 1986 година, беше прогласен за победник на изборите на 14 јануари со 59 проценти од гласовите, додека Вајн освои 35 проценти од гласовите. паг/  

Остани поврзан