Опожарено возилото на сопственикот на регионалната Телевизија МНЕТ во Штип
- Рано утринава во дворот на семејната куќа на директорот на регионалната Телевизија М НЕТ, Благој Серсемов запален е неговиот автомобил. Во тек е истрагата од страна на истражните органи.

Штип, 24 октомври 2024 (МИА) - Рано утринава во дворот на семејната куќа на директорот на регионалната Телевизија М НЕТ, Благој Серсемов запален е неговиот автомобил. Во тек е истрагата од страна на истражните органи.
Од регионалниот актив на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) информираа дека во 15 часот е закажана прес-конференција за случајот со опожареното возило на директорот на Телевизија М НЕТ од Штип. вдј/сст/
Фото: МИА