• вторник, 24 декември 2024

Операција на турската армија против ПКК во северен Ирак

Операција на турската армија против ПКК во северен Ирак
Анкара, 24 април 2021 (МИА) - Турската армија презеде нова копнена и воздушна операција против базите на Курдиска работничка партија (ПКК) во северен Ирак, соопшти Министерството за одбрана на Турција. Но, Министерстѕвото не колку војници учествуваат во операцијата. Турските медиуми објавија дека припадници на специјалните единици со хеликоптер пристигнале во областа Метин, северен Ирак, додека авионите ги бомбардирале базите на ПКК. Турската армија редовно извршува напади во планинските области на северен Ирак врз цели на ПКК. За Турција и дел од западните држави ПКК е терористичка организација. Во Турција од 1984 година во судири со курдските бунотовници загинаа десетици илјади луѓе. ми/

Остани поврзан