• сабота, 21 декември 2024

ОН утринава кратко време ја затворија Палатата на нациите во Женева поради безбедносен проблем

ОН утринава кратко време ја затворија Палатата на нациите во Женева поради безбедносен проблем

Женева, 25 август 2023 (МИА) - Палатата на нациите во Женева, Швајцарија, која е европско седиште на Обединетите нации, повторно ги отвори вратите за вработените откако утрово кратко време беше затворена поради неодреден безбедносен проблем, јавија британските медиуми.

„Љубезно ве известуваме дека проблемот во Палатата на нациите сега е решен. Сите влезови се отворени и пристапот е дозволен“, се наведува во официјалното соопштение од Обединетите нации. 

Европското седиште на организацијата не даде детали за каков проблемот станува збор, а е поврзан со безбедноста.

Палатата на нациите во Женева е дом на Советот на ОН за човекови права. Зградата е и центар за состаноци на дипломати, хуманитарни активисти и владини претставници. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан