• петок, 22 ноември 2024

ОН: Досега во Украина се убиени 227 цивили, а 525 се повредени

ОН: Досега во Украина се убиени 227 цивили, а 525 се повредени
Женева, 2 март 2022 (МИА) - Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти дека досега е потврдено оти во Украина загинале 227 цивили, а 525 се повредени. - Најголемиот број жртви се должат на употребата на експлозиви, гранатирања и тешка артилерија, но и како резултат на напади од повеќецевни ракетни фрлачи и воздушни напади, се наведува во соопштението на ОН од Женева. ОН сметаат дека реалниот биланс е „значително поголем“, особено затоа што извештаите пристигнуваат со задоцнување од областите каде што се водат интензивни борби. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан