• среда, 21 мај 2025

ОН вели дека нападите во Јемен претставуваат зголемен ризик за цивилите

ОН вели дека нападите во Јемен претставуваат зголемен ризик за цивилите

Сана, 28 април 2025 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш е многу загрижен поради извештаите за напади врз центар за притвор на африкански мигранти во Јемен, изјави денеска неговиот портпарол Стефан Дужарик.

„Нападите претставуваат зголемен ризик за цивилите во Јемен. Продолжуваме да ги повикуваме сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното хуманитарно право, вклучително и заштитата на цивилите“, рече портпаролот на ОН.

Иран ги осуди нападите кои им се припишуваат на САД, врз центарот за притвор на мигранти во Саада, град кој е упориште на проиранските бунтовници Хути во северен Јемен.

Најмалку 68 лица беа убиени во нападот.

Портпарол на иранското Министерство за надворешни работи ги опиша нападите врз цивилни цели, витална инфраструктура и домови во неколку области на Јемен како воени злосторства. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан