• недела, 24 ноември 2024

ОН бараат донации од 2,8 милијарди долари за жителите на Газа и на Западниот Брег

ОН бараат донации од 2,8 милијарди долари за жителите на Газа и на Западниот Брег

Њујорк, 16 април 2024 (МИА) – ОН утре ќе апелираат за донации од 2,8 милијарди долари за помош на палестинското население во Газа и на Западниот Брег до крајот на 2024 година, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања на палестинските територии.

– Утре упатуваме повик за донации до крајот на годината. Ќе побараме помош од 2,8 милијарди долари за три милиони луѓе на Западниот Брег и Појасот Газа, изјави шефот на таа канцеларија Андреа де Доменико.

Според неа, 90 отсто од таа помош ќе биде испратена во Појасот Газа. јт/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан