• недела, 22 декември 2024

ОН апелира да им се дозволи на авганистанските девојки да посетуваат училиште

ОН апелира да им се дозволи на авганистанските девојки да посетуваат училиште
Њујорк, 18 септември 2022 (МИА) - Обединетите нации денеска ги повикаа талибанците повторно да ги отворат средните училишта за девојчиња во Авганистан, осудувајќи ја како „трагична и срамна“ забраната што беше воведена пред точно една година. Неколку недели откако талибанците ја презедоа власта во август минатата година, ги отворија машките средни училишта, но им забранија на девојките да посетуваат настава. Неколку месеци подоцна, на 23 март, Министерството за образование ги отвори средни училишта за девојчиња, но за неколку часа талибанската власт нареди повторно да се затворат. Оттогаш, повеќе од еден милион тинејџерки се лишени од образование во Авганистан, објави Мисијата на ОН за помош во Авганистан (УНАМА). - Тоа е трагична, срамна годишнина што можеше целосно да се избегне. Тоа е длабоко штетно за генерацијата на девојчиња и за иднината на Авганистан, изјави вршителот на должноста шеф на УНАМА, Маркус Потцел. Генералниот секретар на О, Н Антонио Гутереш ги повика талибанците да ја укинат забраната. - Година на изгубено знаење и можности што никогаш нема да се врати назад. Девојките припаѓаат на училиште. Талибанците мора да ги вратат, напиша Претходно авганистанското Министерство за образование соопшти дека тоа е културен проблем, бидејќи многу рурални жители не сакаат нивните ќерки да одат на училиште. Некои средни училишта за девојки останаа отворени во провинциите далеку од централните бази на моќ во Кабул и Кандахар поради притисокот од семејствата и племенските водачи. ми/

Остани поврзан