ОН:Речиси 5.000 лица убиени во насилствата меѓу бандите на Хаити за помалку од една година
- „Насилството драстично се зголеми во последните месеци“, се додава во извештајот.
Порт-О-Пренс, 11 јули 2025 (МИА) – Од октомври минатата година досега на Хаити се убиени речиси 5.000 лица, поради ескалацијата на насилствата меѓу бандите, особено во главниот град Порт-о-Пренс, се наведува во извештајот на Високиот комесар на ОН за човекови права, објавен денеска, а пренесен од британските медиуми.
„Насилството драстично се зголеми во последните месеци“, се додава во извештајот.
Во периодот меѓу октомври 2024 и јуни 2025 годинава во главниот град се убиени околу 1.000 лица. сд/
фото:МИА архива