• четврток, 07 ноември 2024

Онлајн семинар за одржливи објекти

Онлајн семинар за одржливи објекти
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) – Четири меѓународни едукативни семинари на тема одржливи објекти, како дел од проектот „Кон одржлива иднина: Предизвик за одржливи објекти“ (Towards Sustainable Future: Sustainable Buildings Challenge) ќе се одржуваат онлајн во 17 часот почнувајќи од денеска па секој нареден вторник во периодот до 8 февруари. Семинарите, се наменети за архитекти, планери, но и за пошироката јавност, со цел поблиско запознавање со можностите на одржливите објекти, во однос на нивната енергетска ефикасност, економичност и создавањето здрав и комфорен животен простор. Предавањата, кои ќе се одржуваат на англиски јазик, ќе ги реализираат експерти од земјава и од седум европски универзитети. Сите предавања се различни и тематски се надоврзуваат. Темите кои ќе се презентираат се: Одржливо урбанистичко планирање, Одржливо проектирање објекти, Пасивно проектирање објекти, градежна физика, внатрешен комфор, одржлив проектен менаџмент, ефикасни системи за греење и ладење и Циркуларна економија (Sustainable Urban Planning, Sustainable Building Design, Building Physics, Sustainable Project Management, Sustainable HVAC, Circular Economy).вј/са/

Остани поврзан