Онлајн консултации на Делегацијата на ЕУ со граѓански организации
- Делегацијата на Европската унија во земјава денеска, од 12:00 до 13:30 часот, ќе одржи онлајн консултации за програмирање на ИПА III Инструментот за поддршка на граѓанско општество за периодот 2024-2025 година.

Скопје, 4 април 2023 (МИА) - Делегацијата на Европската унија во земјава денеска, од 12:00 до 13:30 часот, ќе одржи онлајн консултации за програмирање на ИПА III Инструментот за поддршка на граѓанско општество за периодот 2024-2025 година.
Консултациите ќе ги отвори Штефен Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на Европската унија во Скопје.
- Дискусиите ќе бидат фокусирани на приоритетните сектори и другите важни елементи што треба да бидат вклучени во програмирањето на Инструментот за поддршка на граѓанското општество 2024-2025, вклучително и какви било други специфични препораки за ефикасно спроведување на програмата, информираат од Граѓански ресурсен центар. ир/сп/
Фото: МИА архива