ОМ бара итно разрешување на државниот секретар за култура Азири
- Обединети за Македонија е разочарана од квалитетот на кадрите на ДУИ, кои по секоја цена, секој инцидент сакаат да го претворат во меѓуетничка тензија и поделби.
Скопје, 28 јуни 2022
Обединети за Македонија е разочарана од квалитетот на кадрите на ДУИ, кои по секоја цена, секој инцидент сакаат да го претворат во меѓуетничка тензија и поделби.
Инцидентот во македонското Собрание не е ниту демократски, ниту културен начин за решавање на проблемите и конфликтите. Но, заканите на државниот секретар за (не)култура дека „новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците“, е класична закана кон повеќе групи на граѓани, без разлика од која и да е етничка припадност.
Инцидентот нема никаква врска со навреда кон сите граѓани кои се од албанска националност, туку е помеѓу неколку македонски пратеници (македонски пратеници во смисла дека се пратеници на македонското Собрание, не се мисли на етничката определба).
Повикуваме и бараме итно разрешување на државниот секретар за (не)култура - Валмир Азири, бидејќи како партија сметаме дека во Владата нема место за луѓе кои секој инцидент го сметаат или го насочуваат како колективен напад на одредена етничка група.
Обединети за Македонија
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.