• понеделник, 24 март 2025

Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите и повредените во Кочани

Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите и повредените во Кочани

Скопје, 22 март 2025 (МИА) - Масар Омерагиќ, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија им ја честита денешната победа на нашите фудбалери против Лихтенштајн (0:3).

-Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, вели Омерагиќ, цитиран од ФФМ. 

Како знак на поддршка и солидарност, најави дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите. 

-Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра - фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена, додаде Омерагиќ. дс

Фото: Архива

Остани поврзан