• петок, 22 ноември 2024

ОИ: Продолжува вонредната состојба во Токио

ОИ: Продолжува вонредната состојба во Токио
Токио, 6 мај 2021 (МИА) – Неполни три месеци пред почетокот на Олимписките игри (ОИ), гувернерката на Токио Јунико Коике предложи денеска продолжување на вонредната состојба во јапонската престолнина поради тешката здравствена состојба поврзана со пандемијата на коронавирус. - Таква мерка е итно потребна имајќи ја предвид актуелната состојба, образложи Киоке. Конечната одлука треба да ја донесе јапонската Влада, која неодамна по трет пат ја продожи вонредната состојба, која е на сила до 11 мај. Гувернерката на Токио предлага ново двонеделно продолжување на вонредната состојба, а покрај Токио со мерката би биле опфатени и префектурите Осака, Кјото и Хуого во западниот дел од земјата. Коике апелираше до токиското население да избегнува блиски контакти и доколку има услови работните обврски да ги извршува од дома. ег/

Остани поврзан