• петок, 22 ноември 2024

Од 1 мај бесплатен железнички превоз за неколку категории граѓани

Од 1 мај бесплатен железнички превоз за неколку категории граѓани
Скопје, 23 април 2022 (МИА) - Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година. Оваа одлука е согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје. - Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз, се појаснува во соопштението од Министерството за транспорт и врски. Бесплатиот превоз во железничкиот сообраќај се однесува за: - Млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот - Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела) - Бесплатен превоз за студенти секој четврток - И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда. цр/хс/  

Остани поврзан