• недела, 24 ноември 2024

Од четврток кино „Милениум“ почнува повторно со работа

Од четврток кино „Милениум“ почнува повторно со работа
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Од четврток 17 јуни Градското кино „Милениум“ во Скопје ќе почне повторно со работа. На репертоарот се наоѓаат новиот дел од филмската сага „Брзи и бесни“, „Денови на гнев“ од Гај Ричи, драмата „Шарлатан“, современата верзија на класичниот роман на Чарлс Дикенс - „Твист“ и шведскиот анимиран филм „Безопашестиот Пеле“. Билетите се достапни на билетарница во киното по цена од 150 денари. свс/сп/

Остани поврзан