Од понеделник до среда времен режим во сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар
- Од понеделник (5 септември) до среда (7 септември) ќе биде воспоставен времен режим, од комплетно затворање на сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар, делница Маврови Анови- Жировница
Дебар, 2 септември 2022 (МИА) - Од понеделник (5 септември) до среда (7 септември) ќе биде воспоставен времен режим, од комплетно затворање на сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар, делница Маврови Анови- Жировница од 10:00 до 16:00 часот, информираа од општина Маврово и Ростуше.
-Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани, како и сите оние кои планираат да патуваат по овој регионален пат, дека, од 05.09.2022 (Понеделник) до 07.09.2022 година (Среда) во периодот од 10:00 до 16:00 часот, поради рехабилитација на регионалниот пат Маврово - Дебар ќе биде воспоставен времен режим- комплетно затворен сообраќај на делницата Маврови Анови - Жировница, стои во соопштението на општината.
Според изведувачот на работите, Градежното претпријатие „Пелагонија" од Гостивар ќе се реализира испитување на мостовските конструкции на патот во рамки на проектот „Рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница". вт/ев/