• понеделник, 23 декември 2024

Од денеска почнува амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година

Од денеска почнува амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година, откако вчера заврши општиот претрес.

По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница.

Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември.

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, како и подмирување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на обврските на државата.

За опозициската ВМРО - ДПМНЕ, Предлог - буџетот е нереален, неразвоен, креиран без концепт, нема јасна визија и поставен е на основи кои се неодржливи. фф/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан