• петок, 05 декември 2025

Одѕивот на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто, во три општини излезноста е под една третина

Одѕивот на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто, во три општини излезноста е под една третина

Скопје, 19 октомври 2025 (МИА) – Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Како што информира претседателот на ДИК Борис Кондарко, излегле да гласаат до 18:30 часот 803 091 граѓанин. Обработени се 3 287, односно 94,62 проценти од избирачки места. На овие 3 287 избирачки места запишани се вкупно 1 721 645 граѓани. 

За споредба, на претходните локални избори 2021 вкупниот одѕив заклучно со 19:00 часот изнесувал 49,98 проценти. 

Конечниот одѕив на изборите ќе биде познат по полниќ, кога ДИК ќе одржи прес-конференција за објавување на првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат од секое избирачко место. 

Генералниот одѕив на ниво на Град Скопје до 18:30 часот изнесува 46,64 проценти. Конкретно во скопските општини, во Аеродрим излезноста е 45,57%, во Бутел 49,71%, во Гази Баба 41,97%, во Ѓорче Петров 45,09%, во Карпош 49,92%, во Кисела Вода 46,25%, во Сарај 55,20%, во Центар 49,41%, во Чаир 51,27% и Шуто Оризари 35,33 проценти. 

-Општините Центар Жупа, Маврово и Ростуше и Врапчиште во моментов имаат помалце од една третина на излезност од вкупниот број на запишани избирачи во избирачкиот список. Согласно изборниот законик, за избран кандидат во првиот круг во гласањето за градоначалник се смета оној кандидат кој добил мнозинство од гласовите од граѓаните кои излегле да гласат, под услов да излегле да гласаат повеќе од една третина од запишаните, посочи Кондарко.

Дококолку во прв круг не излезат над една третина од запишаните гласачи целокупната изборна постапка се повторува во рок од 60 дена. 

-За време на денешните избори сите избирачки места беа отворени навреме. ДИК заедно со Избирачките одбори и Општинските изборни комисии, целокупниот тек на постапката на гласање ги спроведоа законито и без никакви проблеми. Постапката на гласање и сите изборни дејствија беа спроведени согласно Изборниот законик и изборните процедури, согласно нашите упатства за работа на изборните органи, нагласи Кондарко. 

Првичните резултати, посочи Кондарко, може да бидат објавени малку подоцна, со оглед дека има четири избирачки ливчиња и броењето може да биде подолго. 

-Од вечерва од 19:00 часот започнува да течат 48 часа рок за поднесување на евентуални приговори во делот на постапката за гласање. Значи рокот е до вторник до 19:00 часот. Правото на евентуален приговор го имаат сите подносители на листи, доколку во записниците има соодветни забелешки, појасни Кондарко. 

До овој момент, нагласи Кондарко, нема поднесено конкретни приговори за евентуални неправилности. 

На Избирачкото место 2603 во Општина Карпош гласањето е продолжени за еден час и 40 минути, поради технички проблеми. На две избирачки места, едно во Куманово со запишани 12 гласачи и во Штип со запишани 530 гласачи, како што претходно информираше ДИК, поради објективни технички причини, била донесена одлука на овие две места гласањето да продолжи без употреба на апарат за биометриска идентификација, односно со идентификација на гласачите со УВ-ламба и спреј. 

-Процесот на гласање не е нарушен. На ниту еден граѓанин не му е ускратено правото на глас, така што, гласањето е успешно спроведено, изјави Кондарко.  

Поединечниот одѕив по општини во 18:30 часот е следен: 

Арачиново - 48.21%

Берово - 57.78%

Битола - 45.76%

Богданци - 59.78%

Боговиње - 36.40%

Босилово - 47.87%

Брвеница - 43.81%

Валандово - 57.88%

Василево - 51.18%

Вевчани - 69.78%

Велес - 40.06%

Виница - 45.38%

Врапчиште - 24.41%

Гевгелија - 55.12%

Гостивар - 32.38%

Градско - 56.08%

Дебар - 39.63%

Дебарца - 62.04%

Делчево - 50.81%

Демир Капија - 66.51%

Демир Хисар – 58.14%

Дојран - 72.44%

Долнени - 53.97%

Желино - 40.48%

Зелениково - 59.84%

Зрновци - 50.20%

Илинден - 51.91%

Јегуновце - 45.95%

Кавадарци - 53.33%

Карбинци - 62.02%

Кичево - 55.09%

Конче - 66.03%

Кочани - 41.31%

Кратово - 55.65%

Крива Паланка - 63.53%

Кривогаштани - 63.34%

Крушево - 65.60%

Куманово - 44.84%

Липково - 39.40%

Лозово - 71.98%

Маврово и Ростуша - 28.58%

Македонска Каменица - 52.55%

Македонски Брод - 67.49%

Могила - 69.04%

Неготино - 54.31%

Новаци - 73.70%

Ново Село - 44.05%

Охрид - 48.23%

Петровец - 54.22%

Пехчево - 59.60%

Пласница - 35.54%

Прилеп - 45.34%

Пробиштип – 65.75%

Радовиш - 39.28%

Ранковце - 66.29%

Ресен - 45.65%

Росоман - 71.75%

Свети Николе - 49.94%

Сопиште - 53.67%

Старо Нагоричане - 61.21%

Струга - 40.58%

Струмица - 51.54%

Студеничани - 43.85%

Теарце - 41.46%

Тетово - 46.77%

Центар Жупа - 21.30%

Чашка - 71.63%

Чеѓиново Облешево - 56.66%

Чучер Сандево - 58.93%

Штип - 48.95% аа/са/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан