• четврток, 18 јули 2024

Одржан првиот „Августовски коњички турнир“ и редовно коло во прескокнување пречки

Одржан првиот „Августовски коњички турнир“ и редовно коло во прескокнување пречки
Скопје, 20 август 2022 (МИА) – Во организација на Коњичкиот клуб „Вивакс“ од Скопје денеска на терените на Хиподром во Маџари се одржаа првиот „Августовски коњички турнир“ и 3. коло од отвореното Лига првенство во прескокнување пречки. На програмата беа натпревари во прескокнување пречки со височина од 0,90 до 1,20 метри. Постигнати резултати по натпреварувања: Штафета, висина на пречките 0,90/1.0 метри
  1. место освои штафетата во состав Цветанка Георгиев со грлото Чарли и Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо и двете од КК. Бравадос
  2. место штафетата во состав Петар Милошевски со грлото Надја и Ева Димитриевска со грлото Ерос исто така КК. Бравадос
  3. место штафетата во состав Сандра Маслинко со грлото Прешес и Кристина Антова со грлото Нур и двете од КК. Анималс
Класа – Две манши, висина на пречките 1,05/1.20 метри
  1. место освои Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК. Анималс
  2. место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од КК. Илинден
  3. место Петар Милошевски со грлото Надја од КК.Бравадос. ег/сх/

Остани поврзан