Одржана отворена дискусија со претставници на ИТ секторот
- Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, денеска организираше отворена дискусија со претставници на стопанските комори во Република Северна Македонија и членките на ИТ секторот, за анализа на пазарот и за изразување на ставовите на компаниите во врска со тековните случувања и предизвиците во областа на Информациските и комуникациските технологии, соопштија од МИОА.

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, денеска организираше отворена дискусија со претставници на стопанските комори во Република Северна Македонија и членките на ИТ секторот, за анализа на пазарот и за изразување на ставовите на компаниите во врска со тековните случувања и предизвиците во областа на Информациските и комуникациските технологии, соопштија од МИОА.
Денешниот настан е во согласност со политиката на МИОА за целосна транспарентност и јавното ветување за истражување на пазарот, во насока на воспоставување можна соработка во корист на граѓаните и бизнис секторот.
На присутните им беше претставен и еден дел од работата на МИОА, преку презентирање на двата системи на Министерството: ДМС - Систем за управување со документи по електронски пат и ИСУЧР– Информационен систем за управување со човечки ресурси.
Министерот Алиу, истакна дека, за да се обезбедат квалитетни јавни услуги и да се промовира економскиот развој, неопходна е соработка помеѓу институциите и приватните компании.
-Наш приоритет е да помогнеме за да се гарантира слободна и транспарентна конкуренција и да се преземат мерки за
да се осигураме дека политиките и регулативите се соодветни за развој на бизнисот и инвестициите и затоа, редовните консултации со стопанските комори се важни, рече Алиу. љм/са/
Фото: МИОА