Одржана втора седница на Секретаријатот за реформа на јавна администрација
- Во Министерството за јавна администрација денеска се одржала втората седница на Секретаријатот за реформа на јавната администрација, со која претседавал заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски.
Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Во Министерството за јавна администрација денеска се одржала втората седница на Секретаријатот за реформа на јавната администрација, со која претседавал заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски.
На седницата биле разгледани и усвоени точки на дневниот ред поврзани со нацрт-годишниот извештај за имплементација на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) за 2023 година.
Како што соопштија од Министерството за јавна администрација, на седницата било нагласено значењето на континуираното следење и евалуација на реформските активности за постигнување на целите дефинирани во Стратегијата за реформа на јавната администрација.
Присутните членови дискутирале за досегашните успеси и предизвици во спроведувањето на Акцискиот план, при што биле дадени конкретни препораки за подобрување на ефикасноста на јавната администрација.
- Министерството за јавна администрација останува посветено на транспарентна и инклузивна имплементација на реформските процеси, кои се од клучно значење за подобрување на јавните услуги и зајакнување на довербата на граѓаните кон институциите, се наведува во соопштението. цр/ац/
Фото: Министерство за јавна администрација