• четврток, 04 декември 2025

Одредени противниците на македонските одбојкарски екипи во ЦЕВ натпреварите

Одредени противниците на македонските одбојкарски екипи во ЦЕВ натпреварите

Луксембург, 15.јули 2025 (МИА) - Во седиштето на ЦЕВ (Европската одбојкарска федерација) со извлекување македонските екипи ги добија противниците во првите кола од европските натпреварувања. 

Шампионот кај мажите Струмица 47&72 за противник во првото коло го доби романскиот првак Динамо Букурешт. Првиот натпревар се игра во Струмица, а терминот е 21-23 октомври, додека реваншот е една седмица подоцна во Букурешт (28-30 октомври). Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во втората рунда, а поразениот тим, продолжува во ЦЕВ купот, каде за противник ќе го има тимот на Јухострој Чешке Будејовице од Чешка. Термини за одигрување на натпреварите се: 11-13 ноември (дома), односно 18-20 ноември (гости).

Женскиот првак Јанта Волеј Кисела Вода, дебитантскиот настап ќе го има во втората рунда и противник е претставникот на БиХ, Гацко. Термините за одигрување на натпреварите се: 21-23 октомври пред домашната публика, односно на гости 28-30 октомври. Доколку обезбедат пласман во третата рунда одбојкарките на македонскиот шампион ќе се соочат со француски Волеро. Во случај на пораз Јанта Волеј КВ ќе продолжи во првата рунда од ЦЕВ купот, каде за ривал би бил швајцарски Витеос Ношател. Овие натпревари се играат во средината на ноември.  

Штип УГД во првото коло од Челинџ купот ќе игра против норвешкиот клуб Кол ИЛ од Осло. Првиот натпревар се игра на гости, 11-13 ноември, додека реваншот се игра една недела подоцна 18-20 ноември во Штип.

Кај жените Наковски Волеј беше сместен меѓу носителите и на стартот на натпреварувањето ќе се соочи со ТЈ Острова од Чешка. Работнички Скопје, кој со вајлд-карта доби право за учество во Челинџ купот, ќе игра против дебитантот Рае Спортдикол Властон од Естонија. 

Термини за одигрување на натпреварите се: 28-30 октомври (прв натпревар) и 4-6 ноември (реванш).  мн/

Фото: МИА

Остани поврзан