• недела, 24 ноември 2024

Одобрено е обвинението против Мухамед Зеќири

Одобрено е обвинението против Мухамед Зеќири
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Одобрено е обвинението против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, соопшти Основниот кривичен суд.
- Советот за оценка на обвинителан акт постапувајќи по поднесеното обвинение на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со КО. Бр. 59/22 против М.З., кој се товари за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 вв. со ст.3 в.в со ст.1 в.в со чл. 45 од КЗ, а поврзано со соопштението на надлежниот обвинител објавено на 04.10.2022 година:

https://jorm.gov.mk/obvinitelen-akt-protiv-visok-vladin-funkczioner-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba-i-ovlastuvane/ ценејќи ги сите факти и докази во обвинението, донесе решение за оценка со кое ги одби доставените приговори, а актот го прифати во целост, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

Согласно оценетиот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со КОК бр. 193/22 и тој е распределен со АКМИС – системот на понатамошно постапување кај судечки совет. Терминот за судење ќе биде достапен на календарот за судење на веб страната на судот. ар/бак/

Остани поврзан