Одложено дебито на Евра во октагонот
- Поранешниот француски репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, сè уште нема да го има своето деби во мешани боречки вештини (ММА), откако неговата борба е одложена, објавија денеска организаторите.
Париз, 8 мај 2025 (МИА) – Поранешниот француски репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, сè уште нема да го има своето деби во мешани боречки вештини (ММА), откако неговата борба е одложена, објавија денеска организаторите.
Евра требаше да го има своето деби на 23 мај во Париз, но Европската лига на професионални борци без објаснување објави дека настанот е одложен и дека ќе биде организиран подоцна во текот на годината.
Не е познато кој би бил противник на 43-годишниот Евра, а се очекува борбата да биде во категоријата велтер, објави Би-Би-Си.
Евра ја заврши својата фудбалска кариера во 2019 година, а од 2016 година тренира со познатиот ММА борец Седрик Дамбе. ег
ФОТО: Фејсбук